Connect with us

Хроника

Дете нападнато додека возел велосипед– осомничениот приведен, ОЈО бара мерка притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете од член 201а од Кривичниот законик, а јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство.

– Осомничениот 53-годишник на 11 ноември извршил насилство врз 12-годишно дете. Додека детето се движело со велосипед по булеварот „Крсте Мисирков“, осомничениот го пресретнал со електричен мотор и без повод и причина агресивно го нападнал со тупаници и клоци во пределот на лицето и телото. Во еден момент извадил и нож со кој замавнал кон детето, а потоа со дршката го удрил по главата – соопшти ОЈО.

Детето, се посочува во соопштението, успеало да се оттргне и да побара помош од случајни минувачи.

– Осомничениот го зел велосипедот од оштетеното дете, му ги исекол двете гуми и го фрлил кон булеварот со намера да го оштетат возилата кои поминувале. Потоа со моторот го напуштил местото на настанот, додека пак оштетеното дете било пренесено во Ургентниот центар – се прецизира во соопштението.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1