Connect with us

Хроника

Тетовец извршил обљуба на малолетно девојче во Дебарско

Секторот за внатрешни работи-Охрид информираше дека тетовец извршил обљуба на малолетно девојче во Дебарско и оти се преземаат мерки за расчистување на случајот

-Вчера во 15 часот во Одделението за внатрешни работи во Дебар, 41-годишен маж од Дебарско пријави дека лице од Тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. Се преземаат интензивни мерки за расчистување на случајот, информираше Стефан Димоски портпарол на СВР-Охрид.

Само пред два дена дебарската и поширока јавност беше згрозена по информацијата на полицијата дека во село во Дебарско, жители на дебарските села Џепиште и Отишани од куќниот двор насилно грабнале и внеле 30-годишна жена во патничко возило „ауди“, управувано од Е.В.(18) од Отишани и се упатиле кон напуштен објект во близина на Струга.

При тоа А.Л.(26) физички ја нападнал, оштетената паднала во бессознание, по што тој ја силувал. Потоа, го повикал Е.В. и со возилото ја однеле во Општата болница во Струга. Сторителите беа пронајдени и лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3