Свет
Американскиот Сенат го отфрли законот за продолжување на исплатата на платите на федералните службеници
Американскиот Сенат го одби законот за продолжување на исплатата на платите за стотици илјади федерални службеници за време на најдолгиот прекин на работата на владата во историјата на САД, откако демократите и републиканците не успеаја да постигнат договор за повторно отворање на владата.
За предлогот гласаа 53 сенатори, додека 43 беа против, што е под потребните 60 гласови за усвојување. Повеќето демократи биле против, тврдејќи дека законот ќе му даде премногу дискреционални овластувања на претседателот на САД, Доналд Трамп, да одлучува за исплатата на платите.
Синдикатите на федералните работници го повикаа Конгресот да ја усвои мерката, предупредувајќи дека прекинот на работата, кој трае од 1 октомври, создава „сериозни финансиски тешкотии.“
Околу 750.000 вработени се на принуден одмор, илјадници работат без плата, а веќе 39-ти ден се прекинати и социјалните субвенции како програмата „Head Start.“
Демократите бараат законот за финансирање на владата да вклучи и продолжување на здравствените субвенции за 24 милиони Американци, додека републиканците инсистираат на усвојување на буџетот пред да се расправа за дополнителни мерки.
Двете партии предложиле свои компромисни планови, но ниту еден за сега нема потребна поддршка за усвојување.
ноември 8, 2025

