Свет
Кобихаѕе: Европската бирократија, а не Грузија, го запре процесот на пристапување кон ЕУ
Грузискиот премиер Иракли Кобахиѕе изјави дека од поднесувањето на кандидатурата за членство во ЕУ во 2022 година, Грузија се соочува со вештачки создадени пречки, пренесе грузиската јавна медиумска куќа ГПБ.
Кобахиѕе нагласи дека не Грузија е причината за застојот, туку дека европската бирократија донела одлука да го замрзне процесот на пристапување на земјата.
– Ако ја споредиме Грузија со другите земји кандидати, како Молдавија или Босна и Херцеговина, ќе видиме дека нашата земја е значително понапред во однос на демократијата, човековите права и економскиот развој. Според сите овие показатели, Грузија е во многу посилна позиција, рече Кобахиѕе.
Тој потсети дека извештајот на Европската комисија од јануари 2023 година покажал дека Грузија зазема повисоки места од Молдавија и БиХ според различни критериуми. – И покрај тоа, токму тие две држави добија статус на кандидат, а кандидатурата на Грузија беше одбиена без никакви објаснувања или аргументи, додаде Кобахиѕе.
– Ова предизвика тензии во односите меѓу Европската Унија и Грузија. На крајот, не беше Грузија таа што го запре својот напредок, туку европската бирократија донесе одлука да го блокира процесот на евроинтеграција на неодреден период, заклучи грузискиот премиер.
ноември 7, 2025

