Економија
Подготвен Предлог-закон за социјални претпријатија, следната година се очекува да биде донесен
Подготвен е Предлог-закон за социјални претпријатија кој ќе биде доставен до Владата, а во првата половина од следната година се очекува да ја помине собраниската процедура и да биде усвоен.
Целта на законот е да се создаде правна, институционална и финансиска рамка за развој на социјалните претпријатија и да им се помогне на младите да станат активни чинители во општеството.
– Законот е многу важен бидјеќи ги препознава сите ранливи категории, а особено младите до 29 години, самохраните родители, лицата со попреченост и другите ранливи категории како учесници и двигатели на промените во општеството. Сите овие категории на граѓани ќе имаат отворена врата за да отворат социјалните претпријатија, изјави денеска заменик -министерот за труд и социјална политика Фатмир Сабриу пред почетокот на форумот за социјално претприемништво што се одржува во Скопје.
Форумот е заокружување на проектните активности на Регионалниот инкубатор за социјални претприемачи (RISE), поддржани од Француската агенција за развој (AFD), Европската унија, Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Француско-германската канцеларија за млади (FGYO)
Преку проектот RISE поддржани се 850 млади лица од Западен Балкан од 2019 година досега. Од нив, 135 тимови се финансиски поддржани со по две илјади евра за да ја развијат својата идеја во бизнис. Има е еден тим од Северна Македонија кој веќе развива успешна бизнис приказна и кој ќе добие уште пет илјади евра финансиска поддршка за да го доразвие бизнисот и да се регионализира.
– Проектот RISE, кој трае од 2019 година досега има цел да ги поддржи младите претприемачи од целиот регион на Западен Балкан не само со финансиски средства, туку и со целосно менторска поддршка. Од 2019 година досега имаме поддржано над 850 млади кои биле вклучени во програмата, а со грантови од две илјади евра се поддржани 135 тимови на млади. Тоа беше иницијална поддршка, а подоцна со менторите ги поддржувавме и сега најголем дел од нив се успешни. На овој настан ја даваме и наградата на тим кој е избран од Северна Македоија како успешна приказна и нив со дополнителни пет илјади евра им помагаме да го доразвијат бизниот и да го регионализираат, да продолжат со својата мисија, изјави Владимир Ѓорѓевски, директор на локалната подружница на RYCO во Скопје.
ноември 6, 2025

