Connect with us

Вести

Мицкоски: Дали во ДУИ и СДСМ ќе има кадровски освежувања и поместувања е нивно внатрешно прашање

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека внатрешна работа е дали во ДУИ или во СДСМ ќе има одредени кадровски освежувања и поместувања по лошите резултати на локалните избори. Она што нас не интересира, рече тој, е сите подеднакво да се грижиме за државата. 

– Тоа е нивна работа. Јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ имав многу надворешни замешателства и кога бевме во опозиција, и периодот после оние Локални избори во 2021 година. Јас се водам по една стара максима, која што вели, не му правим на човека тоа што не сакаш тебе да ти прават. Ние апсолутно стоиме надвор од тие процеси, не не интересираат, тоа си е внатрешна работа на политичките партии. Дали во ДУИ ќе има одредени кадровски освежувања и поместувања, дали во СДСМ, тоа си е нивна работа, рече Мицкоски.

Она што нас не интересира, нагласува тој, е што и да се случува да се грижиме сите подеднакво многу за државата бидејќи ова е наша заедничка држава. 

– И ние без разлика, некогаш сме во Владата, некогаш во опозиција, треба да се грижиме за иднината на оваа држава, и за достоинството на граѓаните. Тоа е мојата порака, и до едната опозициска партија и до другата опозициска партија, бидејќи таму следам дека ќе има одредени структурни поместувања, рече Мицкоски. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2