Connect with us

Вести

Акција на МВР и ОЈО ГОКК во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, имаат сомнежи за корупција

Истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на Министерството за внатрешни работи (МВР) вршат претреси на повеќе локации низ државата поради сомнежи за корупција – информираат од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

-Во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на Министерството за внатрешни работи (МВР), под раководство на јавен обвинител од ова Обвинителство, вршат претреси на повеќе локации низ државата – велат од ОЈО ГОКК.

Претресите, како што додаваат, се поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа.

Како што пренесуваат медиумите, во Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој попладнево се влезени тимови на Управата за финансиска полиција, екипи на МВР како и истражители

Неофицијално се работи за акција по пријава за земено мито од страна на директорот од апликант за да му се додели договор за финансиска поддршка преку ИПАРД.

Како што дознаваме, барањето за мито апликантот го пријавил во МВР по што преку “обележани” банкноти земањето мито било фатено на дело.

Апликантот е добро познат на јавноста – се работи за поранешен министер од Велешта во Владата на ВМРО ДПМНЕ во периодот 1998 – 2002 година

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2