Connect with us

Регион

Во грчкиот град Комотини отворена станица за компресија на природен гас — проект на ДЕСФА за енергетската безбедност на регионот

Операторот на системот за пренос на природен гас на Грција (ДЕСФА) во грчкиот град Комотини, денеска ја отвори новата станицата за компресија на природен гас, што, како што информираа од компанијата, „ја зајакнува улогата на Грција како стратешка енергетска порта, но го зајакнува и вертикалниот коридор за природен гас, јави дописничката на МИА од Атина.

Според ДЕСФА, новата станица за компресија „додава клучна алка во динамично растечката мрежа на енергетска инфраструктура во Југоисточна Европа“, но и има централна улога во зајакнувањето на енергетската безбедност и во диверзификацијата на изворите на снабдување со природен гас во регионот.

– Со вкупен капацитет од 24,6 мегавати преку три оперативни и една резервна компресорска единица, ова е првата електрична станица за компресија на природен гас во Грција, постигнувајќи нулта емисии при работењето и користи најсовремени технологии за да обезбеди оперативна флексибилност и сигурност на протокот во системот. Исто така, има можност да прима мешавини од природен гас со водород. Дополнително, го зајакнува вертикалниот коридор, бидејќи, во комбинација со други проекти – како што е станицата за компресија Абелиа – овозможува извозот на природен гас на Грција кон север да достигне 8,5 милијарди кубни метри годишно, соопштија од ДЕСФА.

Проектот во висина од 134 милиони евра бил развиен за време на енергетската криза, како одговор на потребата од зголемување на протокот на природен гас кон север, и е поврзан со други клучни енергетски инфраструктури во регионот, како што се Пловечка единица за складирање и регасификација на природен гас во Александруполи и националниот систем за пренос на гас, „подобрувајќи ја прекуграничната поврзаност, извозот во соседните земји, како и заштитата и флексибилноста на енергетската инфраструктура на земјата“. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1