Connect with us

Хроника

Кавадарчанец заврши во полиција поради закани кон својата вонбрачна сопруга

Кавадарчанец бил лишен од слобода синоќа по пријава дека се заканувал на неговата партнерка.

Од Секторот за внатрешни работи – Велес денеска информираа дека во 22:15 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци лишиле од слобода 37-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава, дека упатувал закани на неговата 31-годишна партнерка, со која живеел во вонбрачна заедница.

– Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, појаснија од СВР – Велес.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1