Connect with us

Регион

Граѓаните на Албанија и Косово, на премините меѓу двете земји, ќе минуваат без контрола до 28 февруари

Граѓаните што патуваат со возила со албански и косовски регистарски таблички до 28 февруари 2026 година на граничните премини ќе минуваат без контрола.

Овој начин на минување на границата, кој стапи во сила на 1 ноември, има за цел да го забрза патувањето меѓу двете земји, со отстранување на проверките на документи за граѓаните што ја преминуваат границата. Меѓувладиниот договор меѓу Албанија и Косово е поделен на два главни периода, летната туристичка сезона, од 1 мај до 30 септември, и зимската сезона, од 1 ноември до 28 февруари. Во месеците март, април и октомври се спроведуваат редовни контроли со исклучок на викендите и официјалните празници на двете земји, објави државната агенција АТА.

Освен најфрекфентниот граничен премин „Морина“ и преминот „Ќаф Пруш“, опфатени се и премините во подрачјето на Гора, кај селата Шиштавец, Борје и Орѓошт.

Исто така, отворени се и 22 премини од регионален карактер за жителите на селата што се наоѓаат во близина на границата, што го олеснува преминувањето за оние што живеат во радиус од 30 километри од границата.

Договорот меѓу министерствата на двете земји е важен чекор кон подобрување на инфраструктурата и безбедноста во граничните области, вклучувајќи заеднички патроли на патната полиција што обезбедуваат поефикасна контрола на сообраќајот, особено на патиштата што ги поврзуваат Албанија и Косово со крајбрежните градови, наведува агенцијата.

Според податоците на албанската гранична полиција, во перодот јанури – октомври годинава на премините се регистрирани над 5,5 милиони патници, при што „Морина“ продолжува да биде најфреквентен премин. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2