Connect with us

Регион

Буџетскиот дефицит на Србија на крајот на септември изнесуваше 75,8 милијарди динари

Буџетскиот дефицит на Србија на крајот на септември оваа година изнесуваше 75,8 милијарди динари, што е подобро од буџетскиот план за 76,4 милијарди, бидејќи планираниот дефицит е 152,2 милијарди динари, објави денеска Министерството за финансии на Србија.

Приходите во буџетот изнесуваа 1.636,4 милијарди динари, а расходите 1.712,2 милијарди динари. Во септември е остварен дефицит од 11,5 милијарди динари.

Во текот на септември се собрани приходи од 168,7 милијарди динари, од кои даночните приходи изнесуваа 148,6 милијарди.

Најголемиот дел од даночните приходи е од плаќање на ДДВ во износ од 80,3 милијарди динари, по што следуваат акцизата во износ од 31,2 милијарди и данокот на добивка во износ од 17,2 милијарди.

Неданочните приходи изнесуваа 18,5 милијарди динари, а приливот на донации изнесуваше 1,7 милијарди.

Буџетските расходи во септември изнесуваа 180,2 милијарди динари, при што расходите за вработените изнесуваа 49,6 милијарди.
Јавниот долг на Србија на крајот на септември оваа година изнесуваше 38,11 милијарди евра, или 43 проценти од бруто домашниот производ (БДП)

На крајот на 2024 година, јавниот долг на Србија изнесуваше околу 38,9 милијарди евра, или 46,7 проценти од БДП.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1