Connect with us

Општини

По два мандата, Петров ја честита победата на Димитриева за градоначалник на Демир Капија

По два градоначалнички мандата Лазар Петров ноќеска ја честиташе победата на Наталија Димитриева за градоначалник на Општина Демир Капија.  

– Почитувани сограѓани, жители на Демир Капија.  Благодарам за досегашната поддршка. Ми беше чест што имав можност да ја водам нашата општина во изминатите осум години. Упатувам огромна благодарност до сите мои соработници и целиот мој тим кој беше покрај мене во изминатите години. Заедно постигнавме многу. На мојата противкандидатка Наталија Димитриева ѝ ја честитам победата и се надевам дека ќе работи во интерес на граѓаните на Демир Капија, која е наша светост и мора да продолжи да напредува и да се развива, напиша Петров на Фејсбук. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1