Connect with us

Скопје

Јакимовски сè уште не: Богоев му честиташе на Лукровски за победата во Карпош

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, му ја честиташе победата на Сотир Лукровски.

Сè уште нема честитка од Стевчо Јакимовски.

– На сите карпошани им ја честитам 49 годишнината од основањето на Општина Карпош!

Честитки за изборот и до новоизбраниот градоначалник, Сотир Лукровски.

На овој ден, искрено посакувам идејата и заложбата за зелен, чист и модерен Карпош да опстои во иднина, со што повеќе паркови и игралишта, полни училишта и градинки и маалски живот, смеа и џагор, нешто што е традиционален белег на нашиот Карпош.

Посакувам успех и на сите новоизбрани советници и еден пријателски совет: Хармонијата помеѓу советниците, но и помеѓу Градоначалникот и Советот се клучни за реализација на најбитните проекти за граѓаните. Бидете секогаш отворени и за туѓите идеи и предлози.

Честитки и со среќа на сите!

Да живее Карпош 🌳🌲, објави Богоев на социјалните мрежи

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2