Connect with us

Вести

Гаши – Русопулос: Парламентарната соработка е важна за поголема видливост на Советот на Европа во регионот

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска имал средба со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос, кој престојува во официјална посета на нашата држава по повод 30-годишнината од зачленувањето на земјата во Советот на Европа.

-Претседателот Гаши изрази благодарност за континуираната поддршка што Советот на Европа ѝ ја дава на Северна Македонија од 1995 година, нагласувајќи дека тридецениското членство претставува потврда на трајната определба за човекови права, демократија и владеење на правото, информира собраниската прес-служба. 

Гаши и Русопулос ја истакнале важноста на парламентарната соработка и на заедничките иницијативи што придонесуваат за поголема видливост на Советот на Европа во регионот.

-Претседателот Гаши подвлече дека искуството стекнато преку Советот на Европа е од особена вредност за процесот на пристапување во Европската Унија и дека Собранието ќе продолжи да биде пример за транспарентност, дијалог и посветеност на европските стандарди. Средбата помина во пријателска атмосфера, со заемна согласност за продлабочување на соработката во духот на заедничките европски вредности, се наведува во соопштението. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3