Connect with us

Вести

Гаши на средба со екс-претседатели на Собранието – предложено основање неформален совет за размена на идеи и искуства без политички влијанија

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се сретнал со поранешните претседатели на законодавниот дом – Тито Петковски, Саво Климовски, Никола Поповски и Трајко Вељаноски.

Гаши во објава на Фејсбук нагласува дека ова била посебна средба, прва од ваков вид, со институционален карактер, каде што споделиле вредни искуства и идеи за иднината на Собранието како важна институција на државата.

Спикерот Гаши информира дека на средбата било предложено основање на неформален совет каде ќе се разменуваат идеи и искуства без политички влијанија.

-Разговаравме за реформите и процесите што имаат за цел да го направат Собранието понезависно, потранспарентно и поефикасно во вршењето на своите функции. Се согласивме дека искуството на поранешните претседатели претставува предност за институцијата, затоа беше предложено основање на неформален совет, каде што ќе можат да се разменуваат идеи и искуства без политички влијанија, во корист на Собранието и парламентарната демократија. Искрено им се заблагодарив за нивното учество и подготвеност за соработка. Собранието секогаш ќе остане заеднички дом на сите граѓани и место каде што политичките процеси се водат со достоинство и одговорност, вели во објавата Гаши.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3