Економија
За 2,8 проценти намален бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво
Бројот на работниците во индустријата е намален за 2,8 проценти во септември годинава во однос на септември минатата година, а за 3,7 проценти во периодот јануари – септември годинава споредено со истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во септември 2025 во однос на септември 2024 има намалување од 2,9 проценти на работниците во секторот Преработувачка индустрија, од 2 проценти во Рударство и вадење на камен и од 0,6 проценти во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1,8 проценти, Капитални производи за 6,4 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,8 проценти, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 4,8 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 проценти.
ноември 3, 2025

