Економија
Во септември пад на стапката кај кредитите, раст кај депозитите
Просечната каматна стапка на вкупните кредити во септември бележи годишен пад од 0,56 процентни поени.
Според податоците на Народната банка, во септември таа изнесува 4,85 проценти.
Од друга страна, се бележи раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,19 процентни поени. Просечната каматна стапка изнесува 2,20 проценти.
ноември 3, 2025

