Connect with us

Вести

Случај „борби со кучиња“ во Битола – четворица осомничени, двајца во куќен притвор

Основното јавно обвинителство Битола поведе кривична постапка против две лица од Македонија, како и против еден грчки и еден косовски државјанин, поради сомнение за организирање борби со кучиња во битолското село Црнеец.

Според обвинителството, 44-годишен посредник и 43-годишник кој во дворот на семејната куќа подготвил заграден ринг, се осомничени за кривично дело „убивање и мачење животни“ по член 233 став 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Настанот се случил на 1 ноември во вечерните часови, кога заради користољубие, осомничените организирале борба помеѓу куче од расата „пит бул“, сопственост на грчки државјанин, и куче од расата „американски стафорд“, сопственост на косовски државјанин. Кучето „пит бул“ се здобило со повреди од угризи, а борбата ја следеле повеќе лица од Македонија, Косово и Грција.

При интервенција на полицијата, кај присутните биле пронајдени парични средства во евра и денари, додека сопствениците на кучињата успеале да побегнат. Од обвинителството наведуваат дека тие се идентификувани и по нив се трага.

Јавниот обвинител доставил предлог за притвор за македонските државјани, но Основниот суд во Битола им одредил куќен притвор.

Битолското обвинителство најави жалба на одлуката.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1