Хроника
Починал осуденик пренесен на Клинички во Скопје откако му се влошила здравствената состојба
Осуденик починал откако бил пренесен на Клиничкиот центар во Скопје по влошување на неговата здравствена состојба.
– Синоќа во 20:41 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, од Казнено – поправната установа „Затвор – Идризово“, пријавено е дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје починал осуденикот М.С., на 73-годишна возраст, од село Стрезовце, општина Старо Нагоричане, кој на 31 октомври бил пренесен во здравствената установа, откако му се влошила здравствената состојба, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.
ноември 3, 2025

