Connect with us

Општини

На народен собир осветени темелите на новата кујна на манастирот во м.в. Добра вода кај Оризари

На голем народен собир денеска, на манастирот „Источен Петок-Балаклија“ во местото Добра вода во близината на кочанската населба Оризари, се изврши осветување на темелите на новата кујна.

На овој ден, инаку, е осветен самиот манастир, едно од најпосетуваните верски и излетнички места на жителите од Оризари.

Темелите на новата кујна ги освети парохискиот свештеник Орце Захариев.

Над кујната ќе се гради конак со три простории за престој, а ќе се уредува и дворната површина на манастирот.

Овие градежни активности, според членовите на црковниот одбор, треба да се завршат во првата половина од наредната 2026 година.

Средствата се обезбедени од донатори кои потекнуваат од Оризари и Кочани. Некои од нив работат во странстве, дел се претставници на општествено одговорни фирми и физички лица.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3