Connect with us

Вести

Мицкоски по победата над Рамадани: Во Брвеница не славиме против некого, славиме за Македонија како пример на соживот, ред и напредок!

Во Брвеница останува Јовица градоначалник, вечерва не славиме против некого, славиме за Македонија. Славиме за новата енергија што ја движи државата напред, за работата, за ред, за одговорност. Секој глас што го добивме е доверба, но и обврска – објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако од Скопје вечерва замина за Брвеница да му ја честита победата на Јовица Илиевски. 

„Да покажеме дека чесноста и трудот победуваат, дека политиката може да има достоинствено лице, и дека Македонија може да биде пример на соживот, ред и напредок!“, истакна Мицкоски. 

Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница беше посебно битна за партијата, зашто противканиддат беше Хаќим Рамадани од владиниот коалиционен партнер ВРЕДИ, кој наспроти договорот за меѓусебна поддршка, истакнуваше дека мора да победи зашто е Албанец и носеше гласачи од Германија за да може да победи над кандидатот од македонска националност.

Таа игра на национална карта разбранува многу духови во земјата.  

Рамадани инаку е директор на Инспекторат за локална самоуправа, а Мицкоски, кој вечерва од Скопје порача дека ни името не сака да му го спомене, најави дека Рамадани ќе биде разрешен. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3