Вести
Мицкоски: Кичево се ослободи од човекот кој се богатеше врз грбот на кичевци
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски пристигна во Кичево, каде се одржува главната прослава на победата на коалицијата предводена од владејачката партија на локалните избори.
Гласавте за мене како човек – рече новиот градоначалник Александар Јовановски кој вети дека нема да прави никакви поделби.
Окото е полно и душата е полна. Ние како Влада ќе сториме сѐ што можеме за проекти кои ќе значат за модерен живот на кичевци. Вечерва ќе се провеселиме, ќе се радуваме, а од утре ќе ги засукаме ракавите – му порача Мицкоски на Јовановски.
Потоа се осврна на противкандидатот од ДУИ.
Кичево денеска се ослободи од човекот кој се богатеше врз грбот на кичевци. Кичево доби обединување – рече Мицкоски и се заблагодари на сите кои гласале за него.
ноември 3, 2025

