Скопје
Лабудовиќ се заблагодари за поддршката и му ја честита победата на Герасимовски
Кандидатот за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ, му ја честита победата на Горан Герасимовски во Центар.
Му посакувам успех во вршењето на функцијата и искрено се надевам дека во наредниот период Центар ќе добие конкретни резултати за граѓаните. На сите кои ми ја дадоа довербата, од срце ви благодарам. Благодарност до сите членови, симпатизери и поддржувачи на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, кои со искрена енергија и верба во промените застанаа зад оваа визија. Голема благодарност и до нашите коалициски партнери од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, за поддршката и соработката, напиша тој на Фејсбук.
Тој му се заблагодари на неговиот тим и на секој човек кој беше дел од оваа борба.
Ви благодарам што бевме заедно во оваа приказна. Честа беше моја, да бидам ваш кандидат и да ја почувствувам силата на вистинската поддршка, напиша Лабудовиќ.
ноември 3, 2025

