Општини
Јовановски: Kичево мудро избра – проекти и напредок во заедништво, пред поделби и неработливост
Новиот градоначалник на Кичево, Александар Јовановски објави благодарност за историскиот успех.
Почитуван народе, почитувани наши кичевчани, драги пријатели и познаници. Сакам длабоко од срце да Ви се заблагодарам за историскиот успех, за големата победа. Вие покажавте дека заеднички можеме многу, посочи тој.
Им благодарам на сите кои преку електронски пат ми честитаат непрекинато во пораки и на истите неможам во разумно време да одговорам – почит до сите Вас!, напиша тој.
Јовановски порача дека народот дојде по своето.
Kичево мудро одбра, проекти и напредок во заедништво, пред поделби и неработливост. Време е за многу работа, време е за заедница, би рекол со живот и соживот! Народот дојде по своето и ќе биде приоритет во мојот мандат, напиша д-р Александар Јовановски, градоначалник на општина Кичево.
ноември 3, 2025

