Connect with us

Вести

Грчки медиуми: Убедлива победа на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и во вториот круг од локалните избори

Македонија: Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ е големиот победник и во вториот круг од локалните избори“, е насловот на текстот на грчката новинска агенција АНА-МПА за вчерашните избори кај нас, текст преземен од голем дел од онлајн изданијата на медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

АНА-МПА потсетува дека втор круг се одржа во 33 општини, а во 44 беше избран градоначалник во првиот круг од изборите на 19 октомври 2025 година.

Медиумите во Грција коментираат дека „ВМРО-ДПМНЕ победи во 21 општина во вториот круг, како и во град Скопје, а опозициската СДСМ предводена од Венко Филипче само во три.

Вкупно, ВМРО-ДПМНЕ победи во 54 општини низ целата земја, вклучувајќи ги сите големи општини во кои доминира словенско население, додека СДСМ во само шест мали општини, пишува АНА-МПА и паралелно го пренесува ставот на лидерот на владејачката партија Христијан Мицкоски, дека станува збор за „голема победа“ на ВМРО-ДПМНЕ.

Грчките медиуми се осврнуваат и на албанскиот блок, споменувајќи ја победата на ВРЕДИ во осум општини, додека „опозициската албанска коалиција Национална алијанса за интеграција, предводена од најголемата албанска партија во Македонија, ДУИ, на Али Ахмети, излезе ослабена од овие локални избори“.

Паралелно, коментираат и дека излезноста во вториот круг беше околу 45 отсто.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2