Вести
ДКСК ги усвои Проценката на ризици и Методологијата за Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030
Државната комисија за спречување на корупција денеска на 24. седница ги усвои Проценката на ризици од корупција за потребите на изработка на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030 и Методологија за изготвување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030.
Како што појасни Цвета Ристовска, заменик-претседател на ДКСК, Методологијата е документ, што ги утврдува постапките, фазите, принципите, пристапите и критериумите за изготвување на Стратегијата, додека Проценката на ризици е документ со кој се идентификуваат клучните ризици на ниво на сектори и институции и е основа за поставување приоритети и дефинирање цели и е основа за Стратегијата.
Во јули 2024 е донесен Планот на активности за Стратегијата, кој е патоказ за главните чекори, а од големо значење била анализата на факторите што влијаат на степенот на реализација на Националната стратегија.
Во креирањето спроведен е и прашалник, кој го одговориле 2842 испитаници од најразлични инстиуции, со цел пореално да бидат идентфикувани ризиците во секоја институција. Прашалникот бил испратен и до Платоформата на граѓански организации за борба против корупцијата. Во изработката експертска поддршка е добиена од Канцеларијата на ОН за дрога и криминал, од НДИ и од ЕУ.
Со новата Национална стратегија дефинирани се хоризонтални и вертикални области, во кои има најголеми ризици од корупција. Хоризонтални области се јавните набавки, кои како што посочи Ристовска, се високо ризична хоризонтална област од корупција, што се прелева низ сите сектори и надзорот над спроведување на законите, при што освен инспекцискиот е додаден и управниот надзор.
Вертикални области се правосудството, во кој како што истакна Ристова, постои висок степен на ризици од корупција, создава ризик да го наруши владеењето на правото, има широка импликација низ сите сектори и секако финасиски импликации, потоа тука се здравството, транспорт и инфраструктурни објекти, урбанизам и просторно планирање и животна средина, енергетика и природни ресурси.
Ристова истакна дека по Стратегијата, следи Акциски план, во чија изработка ќе бидат вклучени сите релевантни чинители и посочи дека ќе предложат во рамки на државниот буџет да се отвори посебна ставка за програма за антикорупциски политики, со цел навремено да се следи планирањето на средствата и реализација на поставените цели.
ДКСК седницата ја продолжи со постапување по изборни предмети.
ноември 3, 2025

