Connect with us

Скопје

Александар Стојкоски го доби уверението за втор мандат како градоначалник на Општина Ѓорче Петров

Општинската изборна комисија денеска официјално му го врачи уверението за избор на Александар Стојкоски за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, со што и формално почна неговиот втор четиригодишен мандат.

Како што информира Општина Ѓорче Петров, со новиот мандат, Стојкоски добива нова можност да го продолжи континуитетот на развојот во Ѓорче Петров. Градоначалникот најави уште посилен интензитет на работа, реализација на капитални инвестиции и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

-Денешното уверение е потврда за довербата што граѓаните на Ѓорче Петров ми ја дадоа, но и обврска да продолжам уште поодговорно, со уште повеќе работа и резултати. Благодарен сум за секоја поддршка, за секој граѓанин што препозна искреност, посветеност и конкретни дела. Ѓорче го менуваме таму каде што никој не се осмелил да работи со години. Во наредниот период, продолжуваме со нови проекти, инвестиции во инфраструктура, образование, спорт и животна средина и се со една цел – Ѓорче Петров да биде најпосакувано место за живеење во Скопје, изјави градоначалникот Стојкоски.

Тој нагласи дека довербата што ја добил од граѓаните е најсилна потврда дека општината се движи во вистинска насока. Тимот на Општина Ѓорче Петров, како што додаде, ќе продолжи да работи во духот на транспарентност, отчетност и европски стандарди во локалното управување.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2