Вести
ВМРО-ДПМНЕ со предност во Кичево од 3.000 гласа
Кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски, води во вториот круг од локалните избори во Кичево со освоени 57,11% од гласовите, односно 9.358 гласачи.
Неговиот противкандидат Фатмир Дехари од Националната алијанса за интеграција (НАИ) има поддршка од 39,76%, односно 6.515 гласа.
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), досега се обработени 75 од вкупно 119 избирачки места, што претставува 63,03% од гласачките места. Излезноста во општината е 59,85%, со вкупно 30.535 гласачи од запишаните 51.016.
На изборната карта, Кичево е обоено во жолта боја, што ја означува предноста на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
ноември 2, 2025

