Connect with us

Регион

Припадници на српската полиција влегоа во ВМА поради случајот со приведениот активист Миша Бачулов

Српската полиција влезе во Военомедицинската академија во Белград со цел да го пронајде лицето кое требало да му обезбеди на активистот и советник од Нови Сад, Миша Бачулов, отров што би предизвикал симптоми на труење, но не би го загрозил неговото здравје, јави Радио телевизија на Србија.

Според РТС припадници на Управата за криминалистичка полиција, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, влегле во просториите на Одделот за токсикологија на ВМА со цел да идентификуваат, засега, непознато лице кое, како што е наведено, имало задача да му обезбеди на Бачулов соодветна доза од отровот „рицин“, што би предизвикал симптоми на труење, но не би го загрозил неговото здравје.
Советникот од Нови Сад, Миша Бачулов, и Д.Ц. беа уапсени вчера под сомнение за заговор и планирање да биде отруен Бачулов (43) и да го обвинат за тоа претседателот на Србија и државниот врв.
Постојат сомневања дека тие планирале и договарале дејствија што создаваат услови за итно извршување на кривичното дело напад врз уставниот поредок, соопшти обвинителството.
Бачулов попладнево беше примен во Ургентниот центар во Белград поради болка во градите.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2
Маркетинг