Connect with us

Вести

Почна гласањето за вториот круг од локалните избори

Во 7 часот почна гласањето за вториот круг од осмите локални избори од осамостојувањето на државата. 

Се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје на 1771 избирачки места. До 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 013 375 гласачи, меѓу кои и 474 304 избирачи во Градот Скопје.

Вчера, на ден пред изборите, гласаа затворениците, лицата во домашен притвор, болни и немоќни лица и лица во старските домови.

ДИК најави дека првите согледувања за текот на гласањето и за излезеноста ќе ги објави на прес-конференција во 09:30 часот. 

Првичните неофицијални резултати од вториот круг од локалните избори се очекува ДИК да ги соопшти околу 23 часот.

На 19 октомври, на првиот круг локалните избори завршија и се избрани 44 градоначалници како и за советите на општините, освен во Шуто Оризари каде на три избирачки места денеска се прегласува.

Гласање нема во Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуше и Центар Жупа поради малата излезност на гласачите. Таму ќе се гласа во рок од 60 дена од завршувањето на локалните избори.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3
Маркетинг