Вести
Орце пред победа во Скопје: ВМРО-ДПМНЕ 78.477 гласа, Амар – 46.758
Кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиески, води во вториот круг од локалните избори во Град Скопје со освоени 58,984% од гласовите, односно 78.477 гласачи.
Неговиот противкандидат, Амар Мечиновиќ од Левица, има поддршка од 35,14%, што претставува 46.758 гласа.
Според најновите податоци на Државната изборна комисија (ДИК), обработени се 583 од вкупно 685 избирачки места, што претставува 85,11%. Излезноста во главниот град изнесува 77,53%, односно 367.722 гласачи од запишаните 474.304.
На изборната карта, Скопје е обоено во жолта боја, што ја симболизира доминацијата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со исклучок на неколку централни општини каде води Левица.
ноември 2, 2025

