Општини
До 13 часот во Кочани излезеност од 18,4 отсто
До 13 часот во Кочани избирачкото право го искористиле точно 5 988 граѓани, соопштија од Општинската изборна комисија. Излезеноста изнесува 18, 4 отсто, што е на ниво на одзивот од првиот круг на гласање.
Спoред ОИК, овој изборен ден од вториот круг на Локалните избори во Кочани се одвива во мирна атмосфера, без било какви проблеми.
Во Општина Кочани се гласа на 63 избирачки места, вкупниот број на граѓани со право на глас е 32 503.
ноември 2, 2025

