Connect with us

Вести

ДИК: До 20:00 часот гласале 3.327 од вкпуно пријавените 4.826 болни или немоќни лица

Од вкупно 4.826 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на вториот круг од локалните избори, до 20:00 часот гласале 3.327 гласачи, информира Државната изборна комисија (ДИК).

-Во 14 казнено поправни установи, каде што своето право на глас можат да го остварат 1.256 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, до 18:30 часот гласале 588 гласачи. Од 214 лица сместени во установите за вонсемејна грижа до 18:30 часот гласале 125 гласачи, соопшти ДИК.

Гласањето, како што се посочува во соопштението, за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности.

ДИК извести дека резултатите од гласањето на болните и немоќните лица, затворите и домовите за стари лица, не се објавуваат денес посебно. Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвараат денес.

-Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре после 19:00 часот, за секое избирачко место и секоја општина каде што се гласа, прецизираат од ДИК.

Претходно во рамките на продолжението на 151. Седница ДИК како неоснован одби еден приговор за остварување на гласачкото право од лице од Боговиње, бидејќи при проверката констатирале дека е запишано во избирачкиот список и може да гласа на избирачкото место 2069/1.

Во вториот круг од локалните избори 2025 утре се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници.

Право на глас имаат 1.013.375 граѓани.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3
Маркетинг