Connect with us

Политика

Андоновска: Граѓаните низ цела Македонија со голема излезност во вториот круг, изборите фер и демократски

Граѓаните низ цела Македонија, во општините каде што има втор круг во голем број излегуваат на гласање.

Досегашниот тек на изборниот ден, во рамките на вториот круг од локалните избори за градоначалници во Македонија, минува во мирна, фер и демократска атмосфера на ниво на целата држава, во духот нa демократските вредности и принципи.

ВМРО-ДПМНЕ, упатува благодарност до сите граѓани кои до овој момент излегоа и го остварија своето уставно загарантирано право на глас во овој втор круг од градоначалничката трка за овие локални избори.

Со користење на правото на глас, граѓаните одлучуваат кому ќе му го доверат водењето на нивната општина, начинот на којшто ќе се управува истата и патот на нејзиниот развој во наредните 4 години.

Според информациите објавени од страна на ДИК, излезноста на вториот круг локални избори на ниво на цела Македонија до 13:00 часот е 18,05 %.

Уште еднаш, изразуваме благодарност до сите граѓани кои веќе гласаа, воедно ги повикуваме граѓаните до крајот на изборниот ден масовно да го искористат своето право на глас, да излезат и да гласаат.

Благодарност и до сите оние кои го спроведуваат изборниот процес професионално, одговорно и во духот на демократијата.

Во наредните часови, очекувајте не повторно да излеземе со нови информации.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3
Маркетинг