Вести
Мицкоски: Ова е заедничка победа, ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина
Вечерва Македонија повторно покажа зрелост. Победивме во Скопје, убедлива победа на Орце. Победивме во скопски Карпош. Победа и во Аеродром и во Чучер Сандево. Беше жилава борба, тешка борба со многу предизвици. Се одлучуваше во 5 до 12. Знаете дека не заслужува ни името да му го спомнам тој противкандидат. Се обиде да профитира во името на националните поделби, меѓуетничките поделби. Не успеа, поразен е. Во Брвеница останува Јоцо градоначалник, рече Мицкоски.
Сакам да објавам една важна вест – голема победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по убедливата победа на локалните избори.
-Ако некој се сомневаше, народот покажа дека Македонија е повторно твоја. Ви благодарам мој народе. Ова е заедничка победа, ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина. Ова е победа на напатениот народ, неговите соништа за кои се бориме, неговите надежи и нашата заедничка татковина. Вечерва Македонија повторно покажа зрелост. Победивме во Скопје, убедлива победа на Орце. Победивме во скопски Карпош. Победа и во Аеродром и во Чучер Сандево. Беше жилава борба, тешка борба со многу предизвици. Се одлучуваше во 5 до 12. Знаете дека не заслужува ни името да му го спомнам тој противкандидат. Се обиде да профитира во името на националните поделби, меѓуетничките поделби. Не успеа, поразен е. Во Брвеница останува Јоцо градоначалник, рече Мицкоски.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ победи и во Валандово, Дојран и Крушево кои до сега имаа градоначалмници од СДСМ.
-Победивме и во Кочани. Нашето Кочани кое мораме да го издигнеме и поткрепиме. Имаме победа и во Лозово, Могила, Македонски Брод, Росоман, Ранковце, Неготино, Чешиново Облешево, Виница, Дебарца, Конче, Демир Капија, Пробиштип, рече Мицкоски.
Силна порака пренесе и за победата во Кичево.
-Падна Фатмир Дехари. Падна од народот кој се обедини против раскалашеноста, недомаќинското работење и се докажа дека никој не е посилен од народот . Покажавме што можеме кога сме обединети, рече Мицкоски.
ноември 2, 2025

