Connect with us

Вести

АВМУ: Медиумите да го почитуваат изборниот молк

Од полноќ започна изборниот молк, кој ќе трае до 19:00 часот на 2 ноември 2025 година, информира Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

Според Агенцијата за време на молкот медиумите можат да продолжат да известуваат за изборите и за текот на гласањето, но не смеат да емитуваат какви било облици на изборно медиумско претставување.

– При известувањето во деновите на изборниот молк ќе се смета дека медиумите го прекршиле изборниот молк доколку емитуваат, односно објават какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта, се наведува во соопштението од АВМУ.

Агенцијата очекува сите медиуми да ја прилагодат својата програма за изборниот молк.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1
Маркетинг