Connect with us

Политика

Пренџов: Нашата политика е политика на заедништво, а не на поделби

Љупчо Пренџов, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во емисијата „Анализа“ на телевизија 24. Пренџов нагласи дека коалиционата соработка и заемната поддршка меѓу коалициони партнери се нормален дел од демократскиот процес, насочен кон заеднички успех и подобри резултати. Тој посочи дека постигнатите изборни резултати се историски и носат голема одговорност за иднината на државата. Основата на политичкото дејствување, според него, треба да биде заедништвото, еднаквоста и прогресот за сите граѓани, без разлика на националната припадност, се наведува во соопштението од  ВМРО-ДПМНЕ, кое МИА го пренесува интегрално.

„Во поглед на резултатите, во поглед на се што се случуваше ние можеме да имаме различни мислења различни ставови, тоа е убавината на демократијата. Но, она коешто е факт е тоа дека во 2021 година и во 2024 година и сега, со овие локални избори практично се освојуваат едни историски резултати највисоки резултати, се презема историски огромна одговорност во следниот период на Република Македонија и тоа се факти“, рече Пренџов.

Пренџов истакна дека меѓусебната поддршка меѓу коалиционите партнери е нормална и очекувана во демократски процес. Според него, целта е заеднички успех и заемна поддршка.

„Во поглед на тоа што се случува и коалиционата поддршка, којашто ние како коалиција заедно со Вреди, тоа ниту е чудно ниту е страшно. Тоа е нормално коалиционите партнери помеѓу себе се поддржуваат затоа што, на овие избори ние очекуваме да имаме близу околу 60 градоначалници, заедно со оние на ВЛЕН да имаме повеќе од 70 градоначалници плус градот Скопје“, вели Пренџов и додава:

„Нормално е секаде онаму каде што ВЛЕН има кандидати, ние да дадеме поддршка, мислам дека секаде онаму каде што ние имаме наш кандидат, ВЛЕН да даде политичка поддршка, тоа е една демократија“.

Пренџов нагласи дека управувањето на новата генерација политичари се темели на вредности на заедништво и еднаквост, со фокус на прогрес и подобри понуди за сите граѓани, без разлика на националната припадност.

„Основата на управување на оваа генерација политичари се заснова на вредности коишто значат заедништво. Нашата вредност е на заедништво, прогрес за сите, да не гледаме којшто е по националност, да гледаме кој има подобра понуда за граѓаните“, истакна Пренџов.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2
Маркетинг