Connect with us

Скопје

Лабудовиќ побара поддршка од граѓаните на Центар и вети чиста, зелена, урбана и безбедна општина

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија Мирослав Лабудовиќ, придружуван од премиерот Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска од Градскиот парк ги повика граѓаните на Центар на 2 ноември да излезат масовно, да ја дадат поддршката за број 2, за, како што рече, промените и новата енергија во Центар и за бројот 9, за промените и новата енергија за Скопје.

На центарци им вети дека ќе ја оправда довербата и оти Центар за четири години ќе биде чист, зелен, урбан и безбеден.

– Поддршката од премиерот, професор доктор Христијан Мицковски, од целата Влада дава дополнителен мотив дека сите оние проекти, кои што ги дадовме и ги кажавме во нашата кампања ќе бидат исполнети. Упорноста и истрајноста на Орце Ѓорѓиевски, која ја видов во изминатите пет недели, знам дека заедно можеме да го вратиме лицето на Центар, такво какво што заслужува, лицето на градот и лицето на нашата држава Македонија, истакна Лабудовиќ.

Тој посочи дека изминатите пет недели од кампањата за локалните избори поминале во многу домови во центар и добиле прекрасни идеи од граѓаните, но многу критики кон актуелниот градначалник и политиките кои се водат.

– Овие пет недели заедно со членовите на Движење Знам за наша Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ покажавме дека сите заедно во заедништво можеме да застанеме рамо до рамо и да чекориме напред, бидејќи сите заедно имаме заедничка визија, рече Лабудовиќ. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3
Маркетинг