Connect with us

Економија

Зголемени цените на индустриските производи на домашниот пазар

Во септември годинава во однос на август годинава зголемување на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар е регистрирано во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9 проценти, Енергија за 1,7 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,1 процент.

Податоците на ДЗС за продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во септември споредено со септември лани покажуваат дека има зголемување во групите Енергија за 7,3 проценти, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,2 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија за 3,1  процент.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2
Маркетинг