Connect with us

Скопје

Вработените на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје повторно протестираа

Од 10:00 до 11:30 часот денеска се одржа протест на крстосницата пред ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје. Вработените од ова јавно претпријатие бараат исплата на септемвриска плата, исплата на К-15, јубилејна награда, новогодишен додаток, отпремнина за работници со преостанат работен однос и исплата на помош за починат член во семејството. 

Протест, како што информира Независниот синдикат на „Паркови и зеленило“ – Скопје, ќе има и утре, од 10 до 12 часот, на крстосницата на булеварот „Илинден“ со улицата „Никола Тесла“.

– Се продолжува рокот на штрајкот во мирување заради запазување на сите законски процедури, кои предвидуваат регуларен штрајк. Пробуваме да ги исцрпиме сите законски демократски средства, да успееме да се договориме мирно, изјави за МИА Атанас Георгиевски, претседател на Независен синдикат на „Паркови и зеленило“ – Скопје. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1
Маркетинг