Хроника
Велешанец упатил закани кон судијка, полицијата ќе поднесе соодветен поднесок
Полициски службеници, вчера доцна попладне, во Сектор за внатрешни работи Велес постапиле по пријава на Основен суд Велес и извршиле службен разговор со 52 годишниот Д.О. од Велес поради упатени закани кон судијка по претходно донесена пресуда, во нејзино отсуство.
Како што денеска информира портпаролот на СВР Велес Биљана Ѓаковска, се преземаат мерки за целосно расчистување и по документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
октомври 28, 2025

