Connect with us

Хроника

Кривична пријава за скопјанец што ја носел малолетната ќерка да питачи во Струга

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(30) од Скопје, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, на 22 октомври годинава, во Струга, полициски службеници во содејство со Центарот за социјални работи извршиле контрола на улицата „Маршал Тито“, при што го затекнале пријавениот, како ја носи неговата малолетна ќерка да проси, а потоа стоел настрана и ги земал парите од детето.

Лицето, како што е наведено, веднаш било лишено од слобода и поднесена му е пријавата.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1
Маркетинг