Архива
ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање
Државната изборна комисија (ДИК) денеска во рамки на продолжението на 150- седница ги објави конечните резултати од Локалните избори за вкупно 44 општини. Во 33 општини ќе има втор круг на гласање на 2 ноември.
-Единаесет општини се приклучуваат на 33-те општини за кои во четвртокот објавивме конечни резултати за избор на градоначалници, каде што изборите се завршени во прв круг. Со денешнава објава на 11-те општини за избор на градоначалник во прв круг и претходните 33 од минатиот четврток каде што немаше приговори, вкупно се завршени 44 општини каде што е извршен избор на градоначалник во првиот изборен круг. Остануваат уште 33 општини кои ќе одат во втор круг, рече претседателот на ДИК, Борис Кондарко.
Втор круг на гласање на 2 ноември ќе има во општините – Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари и во Градот Скопје
Во Општина Аеродром во втор круг ќе се води градоначалничката трка помеѓу Александар Трајановски од Коалицијата за локални избори 2025 СДСМ и Дејан Митевски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ. Во Општина Боговиње – Бесник Емши од НАИ и Фети Абази од Коалицијата ВЛЕН. Во Општина Брвеница – Хаќим Рамадани од Коалицијата ВЛЕН и Јовица Илиевски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ. Во Општина Валандово – Перо Костадинов од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Ѓоко Камчев од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ. Во Општина Виница – Гоце Милевски од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Митко Костадиновски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ. Во Општина Дебар – Фисник Меља од Коалицијата ВЛЕН и Рамадан Имери од Група избирачи. Во Општина Дебарца – Златко Силјановски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ и Зоран Ногачески од Група избирачи. Во Општина Демир Капија – Лазар Петров од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Борчо Коцев од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ.
Во Општина Карпош ќе се води градоначалничката трка помеѓу Стевчо Јакимовски од „Искуство за успех“ и Сотир Лукровски од Коалицијата за Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ. Во Општина Кичево – Фатмир Дехари од Националната алијанса за интеграција и Александар Јовановски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ. Во Општина Конче – Благој Илиев од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Златко Ристов од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ. Во Општина Кочани – Влатко Грозданов од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ и Венко Кртсевски од Група избирачи. Во Општина Крушево – Томе Христовски од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Нико Чонески Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ. Во Општина Куманово – Максим Димитриевски од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и Горан Стојковски-Диро од Група избирачи. Во Општина Лозово – Ацо Велковски од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Бошко Цветковски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ. Во Општина Македонска Каменица – Соња Стаменкова од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Димчо Атанасоски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ. Во Општина Македонски Брод – Жарко Ристески од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ и Милосим Војнески од Група избирачи. Во Општина Могила – Драганчо Саботковски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ и Сашо Пивковски од Група избирачи. Во Општина Неготино – Петар Мантев од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Марија Нацева од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ. Во Општина Пробиштип – Драган Атанасов од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Тони Тоневски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ. Во Општина Ранковце – Даниел Крстевски од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Даниел Павловски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ. Во Општина Росоман – Стојан Николов од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Ѓорѓи Крстевски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ.
Во Општина Струга ќе се води градоначалничката трка помеѓу Арсим Даљипи од НАИ и Менди Ќура од Група избирачи. Во Општина Студеничани – Ејуп Абази од НАИ и Азем Садики од Група избирачи. Во Општина Тетово – Бајрам Реџепи од НАИ и Биљал Касами од Коалицијата ВЛЕН. Во Општина Центар – Мирослав Лабудовиќ од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и Горан Герасимовски од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ. Во Општина Чешиново Облешево – Горанчо Крстев од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Јорданче Костадинов од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ. Во Општина Чучер Сандево – Сашко Комненовиќ од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Зоран Бајовски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ. Во Општина Шуто Оризари – Ерџан Демир од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Курто Дудуш од Унија на Роми.
А во главниот град Скопје ќе се води градоначалничката трка помеѓу кандидатите Амар Мециновиќ од Левица и Орце Ѓорѓиевски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ.
Кондарко информира дека во четирите општини за избор на градоначалник каде што беше констатирано дека нема цензус од минимум една третина излезност на гласачите – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово, ќе има нова изборна постапка за избор на градоначалници која ќе почне по завршувањето на локалните избори, односно по објавувањето на конечните резултати од локалните избори.
октомври 28, 2025

