Connect with us

Хроника

Приведен стружанец за напад на полицаец, фатен при рибокрадство на Црн Дрим

Стружанец ноќеска нападнал полициски службеници, откако бил затекнат со уште неколку лица во незаконски риболов на реката Црн Дрим, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, 10 минути по полноќ, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Б.Б.(44) од Струга.

-Лицето е затекнато со уште неколку лица при незаконит риболов во реката Црн Дрим и бил фатен при обид да избега. Притоа, тој физички нападнал полициски службеници кои преземале службени дејствија, но бил совладан и приведен во полициска станица, стои во соопштението на СВР Охрид.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од ОЈО Струга, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2
Маркетинг