Connect with us

Скопје

Лукровски: Завршуваат старите практики кои беа штетни за карпошани, време е за проекти во интерес на граѓаните

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, денеска на предизборен настан во општината ги повика граѓаните во вториот  круг на локалните избори масовно да излезат на гласање и да го заокружат бројот 9, како што рече, за историска победа и развој на општина Карпош.

Лукровски истакна дека следува историска победа на ВМРО-ДПМНЕ и најави дека „ќе завршат старите практики, кои биле штетни за карпошани“. 

– Време е да се реализираат проекти кои се во интерес на граѓаните. Знаеме колку паркови се претворија во згради, знаеме колку непринципиелни договори и колку криминални ДУП-ови видовме, порача Лукровски во обраќање на настанот на партијата во Карпош. 

Овие избори, посочи, се референдумски за нас карпошани.

-На овие избори, карпошани мора да се решат дали ќе стават крај на досегашните практики и ќе избереме луѓе со визија, со нов концепт, а се за подобро на нашите деца, рече Лукровски.

На предизборниот настан се обрати и кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3
Маркетинг