Скопје
Герасимовски: Нов парк кај Зелено пазарче, улицата нема да се пробива
Кандидатот за втор градоначалнички мандат за Центар Горан Герасимовски, најави дека во вториот мандат се почнува со хортикултурно и партерно уредување на потегот од Зеленото пазарче до ул. „Македонија“, стои во соопштението на Општина Центар кое МИА го пренесува интегрално.
„Поставуваме нова изолација за спречување на течење на вода во подземните гаражи, а целата површина ќе добие нови плочки, зеленило на 2.400 квадратни метри, модерно ЛЕД осветлување и урбана опрема. Поставуваме и нови детски реквизити, кошаркарско игралиште со нова подлога и систем за наводнување. Нема пробивање на нова улица. Просторот ќе биде ограден и разубавен, зелен, достапен и отворен за граѓаните. Рокот за целосно завршување на уредувањето е мај 2026 година. За Центар што го сакаме!“, рече Герасимовски.
октомври 27, 2025

