Connect with us

Скопје

Демир: Благодарност до сите ромски политички партии за поддршката во вториот круг, офанзива од инвестиции во пост изборен период во Шуто Оризари

Денес, на средба во Шуто Оризари, по потпишувањето на Декларацијата за заедничко делување, Ерџан Демир, кандидат за градоначалник за општина Шуто Оризари, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за медиуми ја изрази својата благодарност до сите ромски политички партии за одлуката да му ја дадат поддршката во вториот круг од градоначалничката трка за локалните избори за 2025 година, а во насока на испорака на подобри услови за живот на граѓаните на Шуто Оризари, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го пренесува интегрално.

„Голема благодарност до сите ромски политички партии, коишто одлучија да ни се приклучат, да ни дадат поддршка во овој втор круг, се со цел да можеме да го постигнеме она што го посакуваме. На нашите сограѓани во Шуто Оризари му овозможуваме подобри услови за живот, да има инвестиции во Шуто Оризари како и во другите општини. Шуто Оризари да не биде заборавена општина како до сега, да може нашите сограѓани да бидат директно вклучени во работењето односно во носењето на одлуките на општината, на целата администрација, буквално да направиме една нова промена“, рече Демир.

Кандидатот за градоначалник за Шуто Оризари од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Демир посочи дека неговите сограѓани ќе бидат вклучени како и во процесот на работа на самата општинска администрација, така и во процесот на донесување на одлуките и најави офанзива на инвестиции во пост изборниот период со кои општина Шуто Оризари идентично како што е тоа случај и во другите општини.

„Во Шуто Оризари верувам дека после 2 ноември ќе следи една офанзива од инвестиции во нашата општина“, заврши Демир. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2
Маркетинг