Connect with us

Политика

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се бори за подобро утре на секој еден граѓанин, нашата амбиција на овие избори е да имаме 59 градоначалнички места

Како ВМРО-ДПМНЕ и Kоалиција потенцирам и сакам да биде јасно дека ќе се бориме за секој еден човек и никого нема да оставиме и дека нашата амбиција на овие избори е да имаме 59 градоначалнички места, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од маалскиот митинг што се одржа во селото Ракитец, Општина Конче, во рамки на изборната кампања од вториот изборен круг на локалните избори.

Додаде дека истовремено во 58 општини, што за прв пат се случува во независна Македонија, во советите, коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ или е победник или во најголемиот дел од нив има и мнозинство во советот или ако се направи споредба со изборите од 2021 година тоа биле 86 советници повеќе.

Според него, сите градоначалнмици од ВМРО-ДПМНЕ кои беа избрани во 2021 година зад себе немаат ниту еден скандал, ниту основано сомневање за криминал и корупција, а исто е и со Владата во изминатите 16 месеци, која ја предводи Мицкоски.

-ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и затоa поддршката од народот нас ни најважна. Кога велам најважна за да ги совладаме предизвиците дома за да победиме и во Конче за да имаме повисока цена на тутунот, да имаме повисока цена на пиперката, за да имаме подобар живот, но истовремено вашата доверба, довербата којашто ја добиваме дома и победите коишто ги имаме дома, ја прават нашата позиција многу посилна надвор. Затоа што,  не е доволно да победуваме дома, затоа што ВМРО-ДПМНЕ ја има честа да ги штити националните интереси на еден од најмалубројните народи во Европа, а тоа е македонскиот народ, а штитејќи ги националните интереси на македонскиот народ ги штитиме интересите на нашите сограѓани и Албанци, и Турци, и Срби, и Власи, и Роми и Бошњаци и сите останати коишто живеат заедно со нас во оваа наша заедничка татковина во која сите сме се родиле, тука работиме, тука се радуваме, понекогаш тагуваме и најверојатно најголемиот дел од нас тука ќе го завршиме нашиот живот, рече  Мицкоски.

Тој испрати порака и до членовите на СДСМ, која како што рече „некогаш големата СДСМ“.

-Свесен сум дека чесните поддржувачи симпатизери на СДСМ не се чувствуваат пријатно кога гледаат како ова политичка партија грчевито се бори да го премине гласот на стотина илјади гласови. Свесен сум дека им е тешко, но со гласање за СДСМ тие само го легитимираат ова раководство коешто ја донесе СДСМ во ваква положба. Затоа, мојата порака до вас е: „Знам дека има чесни домаќини луѓе коишто ја сакаат нашата заедничка татковина Македонија, кои си ја сакаат и својата СДСМ и искусни и млади и тие како една добра синергија можат да бидат наш добар политички противник којшто, нормално, повторно ќе го совладаме, но ве повикувам ако сакате да ја смените оваа тешка, лоша и мачна реалност и ова политичко мочуриште во коешто тоне вашата СДСМ, излезете на 2 ноември и немојте да закружувате за кандидатот на СДСМ, заокружете го бројот 9, заокружете го Златко, бидејќи само така можете да ги смените работите во вашата СДСМ, порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од маалскиот митинг што се одржа во селото Ракитец, Општина Конче

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3
Маркетинг