Connect with us

Вести

Мерсие: Локалните избори во Македонија беа конкурентни со почитување на основните слободи

Европската Унија го поздравува тоа што локалните избори во Македонија беа конкурентни и што основните слободи беа во голема мера почитувани, иако тие се одржаа во високо поларизиран политички амбиент и со некои процедурални недостатоци, изјави портпаролот на Европската комисија за проширување Гијом Мерсие. 

– ЕУ ги нотира прелиминарните наоди и заклучоци на меѓународната набљудувачка мисија на локалните избори во Македонија на 19 октомври 2025 година, истакна Мерсие. 

Според него, ЕУ ја охрабрува земјата да ги адресира сите препораки на Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР), вклучително и за измена на Изборниот законик. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2
Маркетинг