Connect with us

Вести

Повеќе од 10 лица приведени во акцијата на финансиската полиција во прилепската болница

Повеќе од 10 лица синоќа и утрово се приведени во прилепската полиција за случајот со Општата болница во Прилеп во која Финансиската полиција вршеше контрола за работењето во оваа институција.

Во текот на денов приведените треба да бидат спроведени во судот во Прилеп. Управата за финансиска полиција вчера постапи по наредби и насоки на Основното јавно обвинителство од Прилеп против повеќе лица поради злоупотреби со јавни набавки, во вредност од 800 илјади евра.

Според Основното јавно обвинителство, од април годинава, се постапуваше во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, а поврзано со финансиското работење на болницата. Дејства преземаше Управата за финансиска полиција и тогаш беше извршен претрес на осум локации во Прилеп.